Фотографката Џулијан Кост направи фотосеријал наречен „Големата тишина“. Станува збор за фотографии создадени за време на едно нејзино патување со брод низ Гренландското Море. Движејќи се меѓу Шпицберген, Свалбард и изолираната населба
Итокортормит, таа го насочи својот фотоапарат кон еден свет што се движи во побавен и потивок ритам.
Овие 20 фотографии носат неверојатно чувство на мир и секоја од нив ве вовлекува во тишината на Арктикот, каде што воздухот е исполнет со мистерија, а единствен звук е нежниот ветер што минува низ ледениот пејзаж. Како што кажува и името, „Големата тишина“ ја преточува празнината на морето, небото и мразот во сцени што не само што го прикажуваат Арктикот, туку ви дозволуваат и да го почувствувате.
Стилот на Џулијан овде е особено суптилен. Таа користи благи премини на боите: сини, сиви и млечно бели тонови, создавајќи мирни, речиси нереални глетки. Секоја фотографија е мала пауза, момент на тивка медитација, потсетник дека и денес постојат места во кои преовладуваат спокојот и тишината.
Џулиан не го фотографира само Арктикот - таа и го почитува. А овие фотографии се нејзино тивко и искрено љубовно писмо до него.
Извор:
121clicks.com
Фото: Instagram