X
 01.11.2020 Здравје

Зошто понекогаш вежбањето и здравата исхрана не се доволни за да ослабите

Во моментов светот е во здравствена криза, а тоа не е пандемијата. Бројот на прекумерно дебели луѓе се зголемува во многу земји, а државите не успеваат да го решат проблемот. Има многу истражувања за факторите што влијаат врз телесната тежина, но новото покажува дека очите играат поголема улога во зголемувањето на телесната тежина отколку што мислиме.

Според истражувачите, она што го гледаме на чинијата или во менито во ресторан може многу да влијае врз начинот на кој гледаме на храната и на чувството на заситеност.

Во истражувањето учествувале речиси 100 луѓе што биле подготвени да направат драстични промени во исхраната и редовно да вежбаат. Истражувачите ја снимале активноста на мозоците на учесниците за да видат како мозокот реагира на апетитот на испитаниците по промените. Било откриено дека видот и мирисот имаат огромно влијание врз чувството на заситеност и задоволство.


Фото: Pixabay

Истражувачите велат дека не е доволна само волјата за да се изгуби телесна тежина дури и доколку лицето вежба и се храни здраво. Тие посочуваат дека вежбањето и здравата исхрана остануваат доминантни фактори во губењето килограми, но визуелните сигнали може да го забават слабеењето.

Со други зборови, гледањето и мирисањето на храната прави да сакаме да го изедеме целиот оброк дури и кога тоа е повеќе од доволно. Притоа, тешко е да се игнорираат овие визуелни сигнали и понекогаш тие може да работат против вас.

Автор: Мајк Венер
Извор: bgr.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје