X
 01.12.2023 Забава

Ова се најомразените ликови од сериите и филмовите поради кои гледачите го менуваат каналот

Веб-страницата „Ранкер“ објави листа со најомразени ТВ-ликови која е создадена врз основа на 250.000 гласа. На листата се наоѓаат неколку актери од „Игра на троновите“, како и од серијата „Гли“, па дури и некои анимирани ликови.

Сериите и филмовите се забавни, но некои ТВ-ликови не ѝ се баш омилени на публиката. За секој сакан лик на телевизија постои еднакво омразен лик. Листата што ја објави „Ранкер“ ги рангира најлошите од најлошите, вклучувајќи ги и најстрашните и најомразените ТВ-ликови на сите времиња.

Листата последен пат е ажурирана на 24 ноември и вклучува 257.000 гласа. Заедно со листата е наведено зошто некои ликови се толку омразени.

- Дали понекогаш сте престанале да гледате серија затоа што еден лик многу ве изнервирал? Ова е листата со такви ликови - пишува „Ранкер“.

На прво место се најде Џофри Баратеон од „Игра на троновите“.

- Неговото прикажување на одвратен лик ве држи на работ од столот, со нетрпение очекувајќи го неговиот следен ѓаволски потег - пишува „Ранкер“.

Друг лик од „Игра на троновите“ кој се најде на второ место е Ремзи Болтон. Третото место му припадна на Шоу Такер од „Челичен алхемичар: Братство“, на четвртото се најде Гувернерот од серијата „Живи мртовци“, а на петото Рејчел Бери од „Гли“.

На листата се најдоа и Ливија Сопрано од „Сопранови“, Езра Фиц од серијата „Убави мали лажги“ и Емили Валтам од популарната серија „Пријатели“.
Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава