X
 02.02.2016 Култура

Најубавите стари градби низ Македонија (2 дел)

Македонија изобилува со стари градби кои сè уште постојат, иако некои се изградени пред повеќе од 15 векови. Веќе пишувавме за најубавите стари градби низ Македонија. Таа статија прочитајте ја ОВДЕ. Следува вториот дел.


Сули ан - Скопје

Се работи за поранешен ан сместен во Старата скопска чаршија. Градбата, заедно со Чифте амам и Мурат-пашината џамија ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на Скопје. Денес, таму се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија.





Старата железничка станица - Скопје

Старата железничка станица, денес Музеј на Град Скопје, работела во периодот 1940-1963 година. На 26 јули 1963, дел од станицата се срушил за време на земјотресот кој го погодил Скопје. Часовникот денес сè уште го покажува времето на земјотресот - 5:17.





Црква „Св. Стефан“ - Охрид

Се работи за пештерна црква под охридското село Шипокно. Црквата добила фреско-живопис во XV век, но постоела и многу порано. Се верува дека била изградена во XIII век.


Манастир „Св. Јоаким Осоковски“ - Крива Паланка

Манастирот бил основан во XII век и се наоѓа на околу 3 км североисточно од Крива Паланка на Осоговските планини. Посветен е на чудотворецот св. Јоаким Осоговски.


Кратовски мостови

Кратово е изградено на таков начин што левиот и десниот дел од градот го поврзуваат мостови кои се извишуваат над Табачка река. Во Кратово има околу 17 мостови, иако сите од нив не се во функција, а некои од нив датираат од средниот век.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура