X
 02.08.2023 Забава

Овие актери се познати по тоа што сами ги прават акробациите во филмовите

Добрите акциони филмови се карактеризираат со акција, возбуда и непредвидливост, а во самиот центар на филмот се спектакуларните акробации на актерите кои ги оставаат гледачите без здив. Но, кој стои зад овие акробации? Иако каскадерите се суштински во снимањето на опасните сцени, некои актери инсистираат сами да ги изведуваат акробациите, дури и оние најопасните.

Том Холанд

Том Холанд се занимавал со гимнастика и танцување, што го направило одличен избор за улогата на Спајдермен. Повеќето акробации на сетовите ги изведувал сам, а каскадерите ги користел само во сцени опасни за живот.


Џереми Ренер

Друга ѕвезда на филмскиот универзум на „Марвел“, Џереми Ренер, има изведено 99 отсто од акробациите во сите негови филмови. Сепак, тоа не било без последици. Режисерот Џос Видон изјавил дека во еден момент Ренер бил толку повреден, што не можел да се движи, па морало да се паузира снимањето на филмот додека не закрепнал.


Мишел Родригез

Мишел Родригез е една од најдобрите акциони актерки на денешницата. Таа е позната по тоа што е подготвена сама да прави акробации, особено кога станува збор за франшизата „Брзи и бесни“, бидејќи е одличен возач.


Џејсон Статам

Џејсон Статам е ветеран на акционите филмови, а покрај тоа што за малку не стигна на Олимписки игри како нуркач, актерот се занимава и со борачки вештини. Она што го научил во спортската кариера го применува на снимањето, каде што самиот ги изведува повеќето акробации и борбени сцени.


Харисон Форд

Харисон Форд играл многу легендарни ликови, но тој е најпознат по улогата на археологот Индијана Џонс. Како Индијана Џонс, актерот сам изведувал голем број акробации, вклучувајќи ја и познатата сцена во која бега од камен во тркалање. Дури и сега, на 81-годишна возраст, актерот инсистира да ги прави акробациите сам, што го открил додека го промовирал најновиот филм за Индијана Џонс.


Шарлиз Терон

Шарлиз Терон во својата долгогодишна актерска кариера се испроба во различни жанрови, меѓу кои и акционите филмови. Актерката поминала низ интензивни тренинзи за да може да изведува борбени сцени и акробации во повеќе филмови.


Кијану Ривс

Кијану Ривс има голема љубов кон борачките вештини, поради што беше толку одличен во „Матрица“. Сепак, тој е најимпресивен во серијата „Џон Вик“ каде што самиот изведува 99 отсто од акробациите, од сцени со борба до пукање со пиштол.


Бастер Китон

Иако Бастер Китон е повеќе комичар отколку акциона ѕвезда, тој ги изведувал своите акробации во време кога немало толку многу безбедносни правила како што има денес. Актерот скокал од високи градби, се тркалал по стрмните ридови и пливал во опасни води.


Том Круз

Обожавателите на франшизата „Невозможна мисија“ веројатно веќе се запознаени со опасните акробации кои актерот сака сам да ги изведува. Тој скокнал од авион што полетувал, висел од хеликоптер во лет, па дури и скокнал од карпа на мотор во неговиот најнов филм. И покрај тоа што животот му бил загрозен повеќе пати, тој сè уште инсистира да ги прави акробациите сам.


Џеки Чен

Џеки Чен е еден од најдобрите мајстори на борачки вештини во светот. Во својата долга кариера тој извел опасни акробации, од скокање од високи згради до паѓање на врел јаглен. Тој се здобил со неколку повреди кои за малку ќе го чинеле живот, а една од тие повреди се случила во Загреб, кога паднал од дрво и си го скршил черепот, а дел од черепот се заглавил во неговиот мозокот. Последиците од оваа повреда ги чувствува и денес, има дупка на черепот и страда од делумно губење на слухот на едното уво.


Извор: Index
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава