X
 24.02.2019 Култура

Култни филмови што не биле номинирани за „Оскар“

Секоја година, како што се доближуваме до доделувањето на „Оскарите“, се полемизира дали некои филмови заслужиле номинација за најпрестижната награда на Американската академија на филмските уметности и науки. Но, доколку погледнете во 90 години долгата традиција на ова признание, ќе се изненадите бидејќи одредени култни филмови не биле номинирани во ниту една категорија за „Оскар“.

„Американски психо“




Познатиот трилер на Мери Харон од 2000 година не доби ни една номинација за „Оскар“ и покрај маестралната глума на Кристијан Бејл. Бејл подоцна,  во 2010 година, е награден со „Оскар“ за најдобра споредна улога за филмот „Боксер“.

„Сјаење“



Верувале или не, еден од најдобрите хорори на сите времиња не добил ни една номинација за „Оскар“. Легендарниот филм на Стенли Кјубрик од 1980 година, базиран на истоимениот роман на Стивен Кинг, не само што не бил номиниран за најдобар филм туку и Џек Николсон не добил номинација за неговата улога на Џек Торенс, чии цени никогаш нема да ги заборавиме.

„Касапски кучиња“




Овој филм е деби на славниот режисер Квентин Тарантино. И покрај тоа што денес се наоѓа на сите филмски топ-листи, во 1992 година важел за независен филм за кој малкумина луѓе слушнале. Ова остварување на Тарантино освоило неколку награди на разни фестивали, но не добило ни една номинација за „Оскар“.

„Жештина“


Номинацијата за „Оскар“ во случај на овој трилер не само што му избега на режисерот и сценарист на филмот - Мајкл Мен, туку и на главните актери Роберт де Ниро и Ал Пачино. Филмот за професионалните ограбувачи на банки го освои срцето на публиката, но, за жал, не се поклопи со гласовите за номинација за „Оскар“.

„Ноќ на вештерките“



Не би можело да се рече дека Академијата нема практика да наградува хорор-филмови, со оглед на тоа што претходно биле номинирани филмовите „Кога јагнињата ќе стивнат“ и „Егзорцист“. Овој американски независен хорор-филм на режисерот Џон Карпентер од 1978 година е прв во серијалот филмови со исто име. Според мислењето на публиката, овој филм се наоѓа на високо место кога станува збор за филмови од овој жанр.

„Големиот Лебовски“




Оваа култна крими-комедија е во режија на браќата Коен. Главните улоги во филмот ги толкуваат Џеф Бриџис, Џон Гудман и Џулиен Мур.

„Било еднаш во Америка“



Овој крими-филм на Серџо Леоне, со Роберт де Ниро и Џејмс Вудс, останал без престижни филмски номинации. Интересно е што филмот бил дисквалификуван во категоријата музика од филмот затоа што „Варнер брос“ заборавил да го внесе името на композиторот во скратената верзија на филмот наменет за американскиот пазар.

„Патеки на славата“



Ова е американски антивоен филм во режија на Стенли Кјубрик со Кирк Даглас во главна улога. Тој е уште еден во низата остварувања на Кјубрик што не биле номинирани за „Оскар“. Инаку, самиот Кјубирк четири пати бил номиниран, но никогаш не освоил „Оскар“ за режија.

„Допир на злото“




Филмот на Орсон Велс од 1958 година не бил прифатен од самиот почеток и веројатно тоа е причината што не бил номиниран. Инаку, еден од најдобрите актери на сите времиња е заслужен за сценариото и режијата на овој филм, во кој и самиот игра.

„Големата жештина“




Американски црно-бел криминалистички филм снимен во 1953 година во режија на Фриц Ланг. Главните улоги во филмот ги толкуваат Глен Форд, Ли Марвин и Глорија Греам, кои исто така останале без престижна номинација
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура