X
 10.05.2017 Култура

Најнови филмови кои може да ги гледате во Синеплекс


Кралот Артур




Младиот Артур ја води својата дружина преку задните пролази од Лондониум, не знаејќи за неговата царска лоза се додека не го извади Ескалибур. Тој се соочува со моќта и влијанието на мечот и приморан е веднаш да одлучи што понатаму. Придружувајќи се со бунтовниците и една таинствена млада жена, Гвиневер, тој мора да ја научи моќта на волшебниот меч, да се соочи со неговите демони и да го обедини народот во битка против диктаторот Вортигерн, човекот кој што ги уби неговите родители и му ја украде круната за да стане крал.

Фатален Исход




Филмот „Фатален исход” е заснован на вистинска приказна во Германија, кога два патнички авиони се судираат поради грешка на контролорот од сообраќајот. Приказната ги прати животите на двајца потполни странци што ги поврзува несреќата, човекот што во таа несреќа ја губи жената и ќерката, и контролорот чија грешка е причината за несреќата. Дали желбата за одмазда и чувството за вина ќе ги обземе овие две личности и ќе доведе до нивно пресретнување?

Осмиот Патник, Ковенант



Поврзани за далечна планета на другата страна од галаксијата, екипажот на колонијалниот брод Covenant откриваат нов свет за кој што мислат дека е неоткриен рај, но, всушност е многу опасен свет каде единствен жител е синтетичкиот Давид, преживеан од проколнатата експедиција Прометеј.


Другата страна на надежта



„Другата страна на надешта“ е необична приказна за пријателството на финскиот трговски патник и сирискиот бегалец. Најновиот филм на режисерот Аки Кауришмаки зрачи со топлина, човештво, емпатија и разбирање.


Ото: истражувачот на длабочини




Во 2100 година, кога човештвото ја напуштa земјата, колонија на екстравагантни суштества се уште успева да преживее во најдлабоката бездна на океанот. Ото, авантуристички октопод, последен од неговиот вид, живее со неговите двајца безусловни пријатели: Ево, нервозна и несмасна риба, и Алис, невротично ракче. Кога при една несреќа ќе се уништи нивниот дом, чуварот на бездната, Кракен, ќе ги испрати Ото и неговите пријатели на опасно патување во потрага по нов дом. Во нивната мисија, тие ќе се сретнат со Маура, незаситна јагула, и тие заедно ќе патуваат до места како потопениот град Њујорк, Титаник или Арктикот, соочувајќи се со опасни непријатели и смешни ситуации.



Неделна програма 11 - 17.5.2017


Чувари на Галаксијата 3Д
Секој ден освен сабота: 15:30, 18:00, 20:40
Сабота: 16:40, 19:15, 22:00

Чувари на Галаксијата 2Д
Секој ден освен сабота: 16:40, 19:15, 22:00
Сабота: 15:30, 18:30, 20:20

Кралот Артур
Секој ден: 15:10, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:30

Брзи и Бесни 8
Секој ден: 18:30, 19:45, 21:00, 22:15

Осмиот Патник, Ковенант
Среда: 20:00

Фатален Исход
Сабота и среда: 21:45
Останати денови: 19:00, 21:45

Другата страна на надежта
Секој ден:  22:45

Во голем стил

Секој ден освен сабота: 21:30

Ах, љубов моја
Секој ден: 20:20


ДЕТСКИ ФИЛМОВИ


Маша и Медо
Секој ден: 15:00, 16:20, 17:40
Викенд: 11:20, 13:20, 15:00, 16:20, 17:40

Ото: истражувачот на длабочини
Секој ден: 15:45, 17:00, 17:50
Викенд: 11:40, 13:40, 15:45, 17:00, 17:50

Штрумфови Скриеното Село 3D
Викенд: 12:40, 14:40

Малиот Директор 3D
Секој ден: 15:20, 17:15, 19:30
Викенд: 11:00, 13:00, 15:20, 17:15, 19:30

Малиот Директор 2D
Секој ден: 16:10, 18:15
Викенд: 12:00, 14:00, 16:10, 18:15

Брзиот Ози
Секој ден: 16:00
Викенд: 12:20, 14:20, 16:00



МЕТРОПОЛИТЕН сателитски пренос во живо

Кавалер со ружа
Сабота: 18:30

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура