X
 02.09.2019 Образование

Едно злато и три бронзи освоија македонските средношколци на Светската олимпијада по геонауки

Еден златен и три бронзени медали освои македонскиот тим на 13. Светска олимпијада по геонауки IESO 2019, која се одржа во Дагеу, Јужна Кореја. Нашиот тим го сочинуваа Сара Стојчевска, Кристина Спасовска и Јована Маниќ од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и Оливер Куновски од „Орце Николов“ во Скопје и нивните ментори, професорите Ивица Милевски, Свемир Горин и Билјана Апостоловска-Тошевска, професори на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Сите тројца се дел од Македонското географско друштво (МГД), кое го организира претставувањето на нашиот тим и ги подготвуваше учениците за олимпијадата.


Фото: Македонско географско друштво

Средношколците освоија злато во категорија практични истражувања, бронзен медал во севкупна категорија и две бронзи во категорија презентација на геонаучна тематика.
Од МГД велат дека ова учество е од непроценливо значење за нив зашто е почеток на едно ново поглавје во групата на активности на друштвото.

Олимпијадата официјално завршува утре. На годинешниот натпревар имаше учесници од 40 земји. Нашите претставници МГД ги избра по пат на пласман на државните натпревари по географија и спроведениот селекционен натпревар.




Фото: Македонско географско друштво
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование