X
 02.10.2023 Култура

Катастрофата со подморницата „Титан“ добива филмска верзија

Иако сите очекуваа дека познатиот режисер Џејмс Камерон, кој го режира филмот „Титаник“, ќе сними филм и за катастрофата на подморницата „Титан“, тоа нема да се случи. Сепак, тоа не значи дека ваков филм нема да се снима.

Катастрофата во која загинаа сите пет патници откако подморницата изгуби контакт со површината и се распадна стана меѓународна вест во јуни. Како што пренесуваат светските медиуми, филмот ќе ги опфати периодите пред, за време и по петдневната потрага по подморницата.

- Важна е само вистината. А светот има право да ја знае вистината, секогаш, а не мамката што ни фрлаат оние што ги бараат своите пет минути слава - изјавил косценаристот Џонатан Киси.

Филмот моментално има работен наслов „Спасени“ (Salvaged), а ќе биде продуциран од Е. Брајан Добинс. Тој ќе соработува со „Мајнд рајот интертејнмент“, компанија која снима и документарна серија за Кајл Бингем, поранешен директор на „Оушн гејт“, компанијата што ја произведе подморницата.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура