X
 03.01.2021 Живот

Неверојатни видеа покажуваат колку се движат растенијата во текот на денот

Можеби не изгледа така, но растенијата постојано се движат во текот на денот. Иако голем дел од растенијата имаат корени во почвата, нивните лисја ја менуваат позицијата како што се менува нивната околина. Овој феномен најдобро се демонстрира преку тајмлепс-видеа што ги покажуваат ситните движења што ги прави растението во текот на еден ден. Кога е забрзано видеото, неверојатно е да се види колку многу работи се случуваат кога не гледаме.

Едно од најдраматичните видеа е видеото со забавено движење што го сподели еден твитер-корисник. На видеото различни видови растенија се движат како што времето поминува на црвениот часовник. Голем дел од растенијата ги отвораат нивните лисја за да добијат што е можно повеќе сончева светлина и се движат за да се приспособат на позицијата на сонцето.

















Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот