X
 03.02.2022 Спорт

Роботи ја служат храната и дезинфицираат во Олимпиското село во Пекинг

Пред официјалното отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг, повеќе спортисти и медиуми откриваат како е да се живее во Олимпиското село.

Во Олимпиското село се сместени околу 60.000 спортисти, новинари, волонтери и претставници на државите кои учествуваат. Во селото има три главни региони кои се простираат на вкупно 160 километри. Секој од овие региони, кои се нарекуваат „меури“, се наоѓа во близина на спортска сала и во него има хотели, центри за конференции итн., пренесува Би-би-си.



Од новинската агенција откриваат дека маските се задолжителни секаде освен во хотелските соби и за време на јадењето, а мора да се почитува и физичката дистанца. Освен тоа, се прави тестирање со ПЦР-тест за ковид-19 секој ден.

Досега биле регистрирани околу 300 позитивни случаи. Позитивните се изолираат и може да се вратат во спортскиот меур откако ќе добијат негативен тест за ковид-19. Сите волонтери што работат на игрите биле во карантин 3 недели пред пристигнувањето на спортистите.

Одржувањето на хигиената е на високо ниво, а има и роботи кои постојано ги дезинфицираат просториите. Роботи има и во кујните и рестораните бидејќи тие помагаат во подготвувањето и ја служат храната.

Отворањето на Игрите е на 4 февруари во 13 часот по средноевропско време.


Извор: BBC
Фото: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт