X
 03.03.2020 Образование

Најдобрите апликации за професорите

Технологијата може да им помогне на професорите полесно да комуницираат со учениците и студентите, како и со родителите. Професорот може да користи апликации за да го следи успехот на студентите, но и за да им го олесни учењето. Во продолжение се дадени некои од најдобрите апликации што ги користат професорите во својата работа.

Кахут

Оваа апликација може да ја претвори училницата во игралиште. Со апликацијата професорите може да им помогнат на учениците да научат преку игра, но потребно е да ја имаат и професорите и учениците.

Скулоџи

Апликацијата им помага на професорите да го организираат часот. Основниот пакет нуди алатки за креирање часови, а во апликацијата има и календар, бележник за оценки итн. Со апликацијата може да се отвораат и заеднички дискусии.

Римајнд

Ова е апликација за комуницирање со која може да се отвораат групни дискусии, да се објавуваат известувања и лично да се комуницира со одредени ученици, студенти или родители.



Фото: Pixabay

Класдоџо“ 

Апликацијата им помага на професорите полесно да комуницираат и да го разберат однесувањето на учениците. Со апликацијата може и да се оценуваат учениците за добро однесување преку поени. Овие податоци може потоа да се споделат со родителите. 


Нирпод

Ова е апликација за создавање интерактивни лекции, дигитална содржина и презентации. Овие содржини потоа може да се споделат со класот или со родителите.

Извор: Apppicker.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование