X
 03.04.2020 Образование

Британските универзитети отпуштаат вработени поради коронавирусот

Во Велика Британија биле отпуштени стотици вработени лица на универзитетите со цел да се заштеди за време на пандемијата. Вработените што имале договори за работен ангажман на определено време, меѓу кои и професори, истражувачи и асистенти на универзитети во Бристол, Њукасл и Сасекс, биле отпуштени или им било кажано дека договорите ќе им бидат прекинати пред време.


Фото: Pixabay

Универзитетите очекуваат намалување на приходите од школарини како последица на ширењето на коронавирусот. Освен тоа, студенти од странство ги откажуваат или одложуваат уписите на факултет. Од друга страна, голем број од вработените на универзитетите во Велика Британија се со краткорочни договори.

Унијата на универзитети и колеџи во писмо до министерството за образование побарала заштита на сите вработени на универзитетите. Владата најавила дека ќе им исплати 80% од платите на оние што ќе бидат отпуштени поради коронавирусот.


Фото: Pixabay

Универзитетот во Сасекс изминатата недела претставил план со кој се предвидува отпуштање на сите вработени со договори за определено време. Универзитетот во Њукасл, исто така, им испратил известувања за отпуштање на вработените што имаат вакви договори. Во меѓувреме, универзитетот во Бристол веќе отпуштил 84 вработени што биле со договор на определено време.

Автор: Дејвид Бети
Извор: theguardian.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование