Сѐ повеќе луѓе ги користат социјалните мрежи за поддршка во грижата за менталното здравје, но експертите предупредуваат дека многу инфлуенсери шират лажни или опасни совети. Меѓу нив се вбројуваат погрешна употреба на терапевтски јазик, површни решенија, па дури и целосно лажни тврдења.
Некои од најпопуларните „совети“ се: јадење портокал под туш за намалување на анксиозноста, користење суплементи како шафран, магнезиум глицинат и босилек за смирување, методи за „лекување“ траума за еден час, како и упатства кои вообичаените емоции ги прикажуваат како знаци за тешки психолошки нарушувања.
Експертите велат дека таквата содржина е преполна со неефикасни, штетни, па дури и опасни информации, нарекувајќи ја „загрижувачка“ и „поразителна“. Тие повикаа на посилна регулација од страна на властите за да се заштити јавноста од ширење дезинформации.
Во анализата, „Гардијан“ сподели 100 најгледани видеа објавени под хаштагот #mentalhealthtips на „Тик-ток“ со тим од психолози, психијатри и академски експерти. 52 од нив содржеле дезинформации во врска со третман на траума, анксиозност, депресија и други сериозни состојби. Многу други видеа биле нејасни или некорисни.
Голем дел од содржината се заснова на ограничено лично искуство и анегдотски примери, кои, според експертите, не можат да се применат на сите.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik