X
 06.10.2021 Култура

Погледнете го првиот трејлер за серијата „Куќата на змејот“, поврзана со „Игра на троновите“

Ејч-би-о го објави првиот трејлер за „Куќата на змејот“, новата серија поврзана со приказната во „Игра на троновите“.

Новата серија ќе се занимава со Таргариен, предците на Денерис Таргариен, која беше еден од главните протагонисти во „Игра на троновите“.

Трејлерот не открива многу, но низ сцените се прикажани членовите на семејството Таргариен, како и своевидна мантра: - Богови, кралеви, оган и крв. Соништата не нѐ направија кралеви, змејовите нѐ направија.

Меѓу другото, во новото продолжение ќе го видите железниот трон, борба со мечеви, многу светли, бели коси и само навестување за змеј.

Дејството на серијата е сместено околу 100 години пред оригиналната серија и ќе ја раскажува приказната поврзана со куќата Таргариен, низа кралеви што владееле со Вестерос пред Роберт Баратеон да го преземе престолот и да почнат случувањата со „Игра на троновите“.

Извршен продуцент и режисер е Мигел Сапочник, кој режирал многу епизоди на „Игра на троновите“, вклучувајќи ја и „Битката на копилињата“ и „Долгата ноќ“. Новите епизоди на серијата „Куќата на змејовите“ ќе се емитуваат на Ејч-би-о и Ејч-би-о МАКС.



Извор: Winteriscoming.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура