X
 03.08.2018 Технологија

„Редит“ е хакиран - проверете дали вашиот мејл е меѓу компромитираните

Во средата, „Редит“ објави дека хакер успеал да влезе во нивните компјутерски системи во јуни, добивајќи пристап до мејл адресите на некои од нивните корисници, како и база на податоци на корисничките имиња од 2007 година.

Компанијата не објасни како се хакирани толку многу корисници. Но оние кои се хакирани, наскоро ќе добијат порака од „Редит“, предупредувајќи ги за упад, велат од компанијата. Во базата на податоци за 2007 година има кориснички имиња, мејлови, кориснички натписи и приватни пораки.

1
Фото: Reddit


„Редит“ изјави дека ресетирањето на лозинките на овие сметки во кои и сега може да се влезе, може да функционираат. Корисниците кои се регистрирале по 2007 година не биле хакирани.

Хакерот имал пристап до редит-логови што содржеле мејлови испратени помеѓу 3 јуни и 17 јуни.

За корисниците чиј профил бил компромитиран, „Редит“ ќе принуди ресетирање на лозинката. Исто така, компанијата вклучи инструкции за корисниците да ги отстранат нивните редит-податоци.

Нападот започна откако хакерите ги нападнале неколку вработени на „Редит“ помеѓу 14 и 18 јуни, компромитирајќи ги нивните сметки со облакот на „Редит“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија