X
 03.09.2018 Култура

Мис на Англија 2018: Првпат муслиманка ќе се натпреварува за титулата носејќи хиџаб

Дваесетгодишна студентка по право ќе стане првата девојка што со хиџаб ќе се натпреварува за титулата мис на Англија.

Сара Ифтекар од Хадерсфилд се надева дека ќе ја освои круната на „Мис на Англија“ што ќе се одржи наредната недела во Келам Хол, Нотингемшир.

Муслиманката студентка, која често споделува фотографии од себе облечена во традиционален муслимански фустан, споделила селфи на својот инстаграм-профил, кој неодамна го избриша:

1
Фото: GoFundMe


- Не можам да доловам колку неверојатно беше чувството кога го изговорија моето име како финалистка во „Мис на Англија 2018“. Ова беше неверојатно искуство и нешто што никогаш нема да го заборавам. Можностите што ги добивам како финалистка никогаш не сум помислила дека ќе ги имам и тоа е нешто за кое секогаш ќе бидам благодарна.

Сара, која почнала сопствен бизнис на 16-годишна возраст, ја користи својата репутација за да собере пари за добротворната организација „Убавина со цел“, користејќи кампања за финансирање онлајн. Добротворната организација собира пари за деца и млади низ светот.

- Учествувам во „Мис 2018 година“ за да покажам дека убавината нема дефиниција, сите се убави на свој начин, без разлика на нивната тежина, раса, боја или форма - пишува таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура