X
 03.09.2019 Наша тема

Проф. д-р Кирил Барбареев: Со Биби во модерната училница ќе ги споиме играта, науката, животот, искуството, вредностите и доблестите

Проф. д-р Кирил Барбареев е еден од креаторите на едукативната програма на „Светот на Биби“, дел од голем тим кој има многу инспирација, енергија и многу волја за подобро образование, т.е. луѓе што веруваат дека во Македонија има капацитет да се направи добар воспитно-образовен систем. Проф. Барбареев и тимот што го придружува ќе работат со децата во посебна едукативна програма во центарот „Бибиверзум“, кој вчера се отвори во скопскиот Градски трговски центар. Разговаравме за програмата, искуството, плановите, очекувањата, наставникот од 21 век...



- Програмата има цел да ги развива вредностите кај децата. Когнитивниот и социо-емоционалниот развој, воспитанието и образованието за добар живот, откривањето на сопствените потенцијали. Во душата на младите треба да се всадат доблестите, особено: праведноста, мудроста, умереноста, храброста, трпението, самодисциплината, емпатичноста, истрајноста, чесноста, лојалноста. Тоа се длабоките хуманистички вредности кои се основа на сè во животот. Тоа е всушност развој и формирање на карактерот на детето - вели професорот за Деца.мк.

Интервјуто со проф. Барбареев прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема