X
 24.02.2015 Образование

Како онлајн образованието може да биде позабавно и посоцијално?

Во случаите кога онлајн образованието стане празно и безлично, важно е учениците и професорите да откријат што им одговара, а што не.

 

образование


Учењето на далечина се` повеќе станува полноправен модел на образование. Всушност, појавата на онлајн учењето на многу начини станува позитивна работа, како за професорите и предавачите, така и за студентите. Ваквиот вид на образование, истовремено овозможува просторна оддалеченост со што не постојат пречки при држење на настава, а на учениците им се овозможува учество во групна работа. Учењето на далечина обезбедува образование и за учениците кои живеат во руралните и изолираните места, такашто тие можат да посетуваат настава од удобноста на нивниот дом, еднакво квалитетно и ефективно. Станува збор за хуманистичка појава. Но, единственото нешто што можеби недостасува е социјалноста.

Кое би можело да биде решението за овој недостаток? Постојат неколку начини преку кои онлајн образованието може да биде посоцијално и да се приближи до традиционалното образование.

1. Технологија приспособена на човекот

Благодарение на новата технологија, како што е препознавањето на глас, онлајн образовниот процес може да биде повеќе прилагоден на потребите на човекот. Студентите кои присуствуваат на настава на одреден предмет би можеле да седат во вирутелна училница. Како сето ова би изгледало во пракса? Еден лап топ или монитор би ја претставувал личноста со која може да се комуницира (преку Skype или Google Hangouts). Другиот монитор би се користел како традиционален компјутер за онлајн истражување и пишување на трудови и белешки. Исто така, би можело да се воведе и трет монитор, за дополнителни академски потреби.

2. Вклучување на вистинските луѓе во виртуелно-образовната околина

Ако ја имате оваа можност, групата на ученици кои заедно посетуваат онлајн образование би требало да се состануваат еднаш неделно, со што значително ќе се подобри нивниот напредок и онлајн учењето во целина.

3. Поврзување со луѓе со кои во реалноста тоа би било невозможно

Многу луѓе сметаат дека социјализацијата страда поради напредокот на технологијата. Сепак, постојат голем број на луѓе со кои едноставно не би можеле да соработуваме доколку ја нема новата технологија. Пред 20 години беше невозможно во една училница да има ученици од различни земји. Денес е возможно поврзување на училница од Америка и Кина. Единствената преостаната пречка за остварување на комуникацијата е временската зона. Значи, онлајн учењето не` прави посоцијални. Потребно е само да се направи напор за вмрежувањето да биде пошироко и почесто.

Во случаите кога онлајн образованието стане празно и безлично, важно е учениците и професорите да откријат што им одговара, а што не. Сета нова технологија и онлајн образованието се непостојани. Ние допрва треба да ги откриваме нивните предности, но исто така и проблемите и решенијата за нив. Но, судејќи според нејзината достапност, ние би можеле да го искористиме ова образование.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование