X
 03.09.2025 Забава

Неочекуван триумф на Филмскиот фестивал во Венеција: Овој филм има совршени оцени

Веќе е познато дека на сите филмски фестивали се брои колку минути аплауз добива некој филм. Со оглед на тоа дека се одржува Филмскиот фестивал во Венеција, медиумите постојано објавуваат кои филмови добиле најголемо внимание. Оваа година тоа несомнено се „Машина за кршење“ и „Заветот на Ен Ли“, кој има совршена оцена на познатиот филмски агрегатор „Ротен томејтос“.

Филмот имаше премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и доби 15-минутен аплауз. Се работи за историски биографски мјузикл на режисерката Мона Фастволд. Главната улога ја има Аманда Сајфирд, која се смета за силен кандидат за номинација за „Оскар“ 2026 година.

Женски Христос

Филмот го следи животот на Ен Ли, која била основач на Обединетото друштво на верници во Христовото второ доаѓање, познато под името Шејкерс. Се работело за христијанска секта која Ен Ли ја основала околу 1747 година во Англија, а потоа и во Америка. Прекарот Шејкерс го добиле поради своето екстазно однесување за време на богослужбите. Филмот го прикажува воспоставувањето на утопиското општество и богослужење преку песна и танц. Следбениците ја нарекле Ен Ли – Женскиот Христос, а била лидер на црква во време кога малку жени можеле да ја имаат таа функција.

Покрај Сајфрид, во филмот се појавуваат и Томасин Мекензи, Луис Пулман, Тим Блејк Нелсон и Кристофер Абот.


Овации во Венеција

Критичарите велат дека филмот е амбициозен проект, а за музиката е задолжен Даниел Блумберг, кој токму годинава го освои „Оскарот“ за најдобра оригинална музика во „Бруталист“. Се очекува филмот да пристигне во киносалите до крајот на годината.

Извор: journal.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава