Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди итна акција против естетските операции за зголемување на градите, оценувајќи ги како „антисоцијалистички“.
Министерството за јавна безбедност во Пјонгјанг издаде наредби за спречување на „распаднатиот капиталистички“ тренд со силиконски импланти. Лицата што ќе бидат фатени може да се соочат со строги казни, вклучувајќи затвор и испраќање во логори за работа.
Во текот на летото, во централните делови на земјата, меѓу кои и Пјонгјанг, биле испратени тајни тимови, т.е. агенти во цивилна облека кои биле во потрага по нелегални пластични хирурзи и жени со видливо зголемени гради.
Жените за кои постои сомневање дека имале естетски зафати може да бидат подложени на физички прегледи од страна на властите.
- Жените или приватните лекари што ќе бидат фатени може да бидат кривично гонети поради антисоцијалистичко дејствување, што вклучува и испраќање во логори за работа - изјавил неименуван извор за медиумите.
Севернокорејската власт тврди дека зголемувањето на интересот за операции на гради, корекција на очни капаци и тетоважи на веѓи е резултат на ширење „буржоаска идеологија“ кај жени на возраст од 20 до 30 години.
Во септември, еден приватен лекар и две млади жени кои направиле операции биле изведени пред јавен суд. Тие со часови стоеле со наведнати глави додека јавниот обвинител остро ги критикувал.
На судењето било откриено дека двете жени биле физички прегледани од државни службеници. Како доказ биле прикажани запленети силикони, медицински инструменти и поголема количина готовина, кои ги конфискувала безбедносната служба од провинцијата Северен Хвангхе.
Ова не е првпат Севернокорејците да се соочат со „опасностите од буржоаската култура“.
На почетокот на оваа година неколку војници кои режимот ги испратил на рускиот фронт доживеале „културолошки шок“ кога добиле пристап до интернет и веднаш се навлекле на порнографија.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube