Во Селија, Италија, да се остане здрав не е само добра цел, туку и законска обврска. Градоначалникот Давиде Зичинела на жителите законски им забрани да се разболат или умрат.
Ова не е закон и се смета за „законска препорака“ со која се посочува кон значењето на здравјето во град со приближно 50 жители, од кои половина се пензионери. Разболувањето и/или смртта нема да стави никого во затвор, но жителите кои ќе имаат редовни прегледи ќе добијат мало ослободување од данокот.
Селија стана нов град во малкуте низ светот кои законски ја забрануваат смртта. Градови во Франција, Бразил, Јапонија и Шпанија на повеќе различни начини веќе го имаат сторено тоа.
Новото правило во Селија, на одреден начин, претставува мерка за спасување на градот бидејќи младите жители сè почесто мигрираат во големите градови, а малите гратчиња остануваат со постарите жители.