X
 03.11.2019 Технологија

Суперавтомобил направен од дрво

Јапонците ја открија својата визија за автомобилот на иднината, и таа е дрвена.

Поточно, поголем дел од автомобилот е направен од нанофибер-целулоза, суперсилен и суперлесен материјал извлечен од растенија.

22 групи придонеле за создавањето на овој автомобил, кој јапонското министерство за животна средина го откри неделава, но врз основа на она што го знаеме засега дрвениот автомобил е далеку од подготвен да излезе на пат.

Дрвениот автомобил изгледа футуристички со „пеперутчестите“ врати и острите агли, но тешко е да се каже колку е блиску до целта на тимот за редукција на тежината за 10 проценти, а и нема многу детали за тоа што има под хаубата.

Според некои известувања, возилото има водородна горивна ќелија и може да се движи со максимална брзина од само 20 километри на час. Доколку тоа е вистина, изгледа дека овој автомобил е екстремно ран концепт, освен ако Јапонија не замислува иднина во која луѓето би возеле многу бавно.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија