X
 04.02.2021 Образование

УНИБанка донира 50 нови компјутери за Математичко-информатичката гимназија во Скопје

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука

УНИБанка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за учениците од државната Математичко-информатичката гимназија - Скопје. Донираната ИКТ-опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма, за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.



Математичко-информатичката гимназија во Скопје е ново државно средно училиште основано во учебната 2020/2021 година, наменето само за остварување наставни планови и програми за образование на одредени категории ученици за кои државата има посебен интерес. Во моментов наставата ја посетуваат 34 талентирани деца. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. Лабораторија за стекнување знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.



Со оваа иницијатива, УНИБанка придонесува за успешен развој на информатичкото образование во Северна Македонија – аспект кој во време на пандемија доби големо значење. И покрај овие услови, УНИБанка уште еднаш докажа дека е една од активните социјално-одговорни компании во државата.

На свеченоста посебно обраќање кон присутните имаа министерката за образование и наука Мила Царовска директорката на училиштето, Јулија Гајдаџиева, и извршниот директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев, кој изјави: „Донацијата на Банката им дава на учениците можност да учат, растат и да стекнат практично искуство со најсовремена опрема што претставува бран на иднината во технологијата.“



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование