X
 04.03.2023 Забава

Како се искажува смеа при онлајн разговор низ светот?

Кога станува збор за разговорот во живо, смеата е универзална. Можеби не зборувате ист јазик, но може да разберете кога некој се смее. Меѓутоа, истото не важи и за онлајн комуникацијата.

Доколку зборувате на македонски јазик, веројатно ја изразувате смеата со „хахаха“ или нешто слично. На англиски јазик најчесто се користи „haha“, „LOL“ или „LMAO“. Веб-страницата за учење јазици „Препли“ направила мапа на која се прикажани најчестите изрази за смеа што се користат во онлајн комуникацијата на 26 различни јазици. Изразот „haha“ е најчест во светот, но има некои интересни изрази за кои никогаш не би претпоставиле дека искажуваат смеа.


Фото: Preply

Така, на тајландски јазик може да напишете „55555“ за да искажете смеа бидејќи бројот 5 се чита „хаа“. На арапски, „хахаха“ се пишува „هههههههههه“, додека Французите најчесто го користат акронимот МДР (MDR), што значи „Mord de rire“, односно „умирам од смеа“. На индонезиски јазик често се користи „wkwk“ за да се искаже смеа бидејќи е полесно да се напише на тастатурите што се користат таму.

За оние што зборуваат италијански, освен „ahahah“ се користи и „eheheh“, а во Јужна Кореја се користи „k-k-k-k-k“ кога се употребува латиницата. Полските тинејџери некогаш го користат зборот „Heheszki“, што значи „удирање и смеење“. На шпански, популарното „хахаха“ се пишува „jajaja“, додека на виетнамски најчесто се користи „hihihi“.

Извор: My modern met
Насловна фотографија: Preply
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава