X
 04.06.2017 Наука

Депресијата не е само состојба на умот: научниците лоцираа физички извор во мозокот

Депресијата е ментална болест која многу луѓе ја сметаат како состојба на умот. Но, еден интернационален тим научници од британскиот универзитет Варвик и кинескиот универзитет Фудан можеби докажаа дека таа се создава во мозокот.

Повеќе од еден во десет луѓе страдаат од депресија во нивниот живот. Според истражувањето објавено во списанието Brain, таа е резутат на промените во поврзувачките шеми во клучна регија во мозокот која се нарекува орбитален кортекс. Научниците ги скенирале мозоците на повеќе од 900 луѓе од кои 421 биле пациенти со голема депресија. Тие откриле дека чувството на загуба и ниската самодоверба се директно поврзани со медијалниот и страничниот орбитален кортекс.

Медијалниот орбитален кортекс кој се активира кога добиваме награда, покажал намалена функционална поврзаност кај лицата со депресија. Покрај тоа, ова исто така води и до послаба функционална поврзаност на меморијата во хипокампусот.

Латералниот орбитален кортекс од друга страна е изложен на посилна функционална поврзаност кај лица со депресија. Тој е поврзан со не-наградувањето и со казнувањето. Тој прикажува силна поврзаност со чувството за себе и е одговорен за враќањето на меморијата и вниманието, со што им се отежнува на лицата со депресија да се чувствуваат добро затоа што лесно се потсетуваат на негативните чувства.

Со оваа студија драматично ќе се подобрат животите на многу луѓе во светот и е доказ дека има уште многу да се учи за она што се мисли дека се знае доволно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука