X
 26.04.2018 Живот

13 хобија што го штитат мозокот од атрофирање

И кај здравите возрасни луѓе постои природно влошување на когнитивните функции. Меѓутоа, неврофизиолозите се уверени дека ако правилно се храниме, ако водиме активен живот и ако посветуваме време на активности, мозокот може да се развива и во староста ќе бидеме поумни од другите!

Во продолжение ви ги споделуваме 13. најинтересни и најкорисни хобија за развој на мозокот. Изберете едно или повеќе и посветете им барем половина час дневно.

1. Медитација – помага за намалување на нивото на стресот, крвниот притисок, го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува способноста за концентрација. Само 10 минути целосно опуштање ќе ви го врати доброто расположение и ќе ви помогне мозокот да ви работи подобро.

2. Работа во градина – овоштарството е изненадувачки корисно хоби за мозокот. Го намалува нивото на кортизолот, хормонот на стресот, ве исполнува со пријатно чувство, ви овозможува да се гордеете со достигнувањата и истовремено работите физичка работа, го намалува ризикот од деменција за 36% и благодарение на ова хоби, поминувате време на свеж воздух.

3. Готвење – има студии кои покажуваат дека луѓето што готват дома водат поздрав живот. Покрај тоа, имаат можност да избираат максимално здрави производи и уживаат во готвењето, што има благотворно дејство врз состојбата на мозокот.

4. Читање – читањето го учи умот да се фокусира, ни го збогатува речникот, ни ги развива фантазијата и аналитичките способности и ни го прави мозокот поактивен. Освен тоа, читањето е еден од најдобрите начини во борбата против стресот (го намалува нивото на стресот за 69%).

5. Свирење музички инструмент – свирењето инструмент придонесува за когнитивен развој, ги подобрува координацијата и моторичките вештини. И кај децата и кај возрасните свирењето музички инструмент го зголемува нивото на интелигенцијата.

6. Играње шах – за време на играта се развиваат двете хемисфери на мозокот, се подобрува помнењето и се подобрува стратешкото размислување.

7. Танцување
– танцувањето не е само одличен физички тренинг што го намалува нивото на стресот и го зголемува нивото на серотонинот, туку е и начин да се стане поинтелигентен, бидејќи помнењето и репродукцијата на различни комбинации движења активно вклучуваат различни области од мозокот.

8. Тимски спортови – со играњето во тим се добиваат многу предности: подвижност, нови пријатели и комуникативност. Студиите покажуваат дека недостигот од комуникација негативно влијае и врз состојбата на мозокот и врз општата здравствена состојба. Затоа, кошарката, фудбалот, одбојката и другите тимски спортови се одличен начин корисно да го поминувате слободното време.

9. Борачки вештини – покрај очигледната предност – умешноста да се борите за себе – борачките вештини одлично го развиваат мозокот, ја зголемуваат способноста за концентрација, одржувањето баланс, како и постигнувањето единство на духот и телото.

10. Плетење – стручните лица велат дека плетењето е одличен начин за борба против загриженоста, анксиозноста, депресијата и хроничната болка. Предноста од рачната работа може да се спореди со ефектот од медитацијата. Плетењето ги активира парасимпатичкиот нервен систем и тапите реакции „удри и побегни“.

11. Пишување – водете дневник, журнал или бележник во кој ќе ги запишувате своите мисли, идеи, цели итн. Тоа помага во решавање голем број проблеми и служи како еден вид механизам за ублажување на стресот.

12. Изучување странски јазик – учењето јазици ќе ве направи попаметни. Покрај тоа, можете да комуницирате со странци, да ја запознаете нивната култура. Сето тоа помага за намалување на ризикот од деменција.

13. Смеење – освен горенаведеното, одличен лек за мозокот и за целото тело е смеењето, што уште се нарекува и „активна медитација“. Без разлика кое хоби ќе го изберете, смеењето секогаш ќе биде одличен додаток на кое било занимање. Тоа ќе ви помогне да го отстраните стресот и да се опуштите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот