X
 27.09.2016 Живот

Жалбите и трачарењето ги „убиваат" невроните во мозокот

Често се случува во друштво да се слушаат само жалби и празни приказни без конструктивен крај и смисла. Негативните вибрации од нив имаат негативен ефект врз невроните во мозокот.

Жалбите и неконструктивните приказни се стратегија на преживување усвоена од потсвеста за ослободување на менталните и емотивните ненормални состојби. Лошата страна е што штетата настанува кај оној што слуша.

Науката докажува дека магнетните бранови што се карактеристични за луѓето што се жалаат, ги гасат невроните во хипокампусот, кој е одговорен за решавање на проблемите. Ако сте изложени повеќе од 30 минути на вакви разговори ви се предизвикува голема штета на церебрално ниво, без разлика дали информациите доаѓаат од луѓе или од медиуми.

Како да се соочите со овој проблем?

Медиумите може лесно да се исклучат или да се одбегнат, а со луѓето може да се пренасочи разговорот на друга тема. Секој мора да внимава да не се жали и да не води бесцелни разговори, со што се заштедува многу енергија.

Што се случува во невроните на оној што се жали?

Квантната физика докажува дека онаму кај што е насочено мислењето, енергијата тече и создава. Колку повеќе мислите се негативни и што повеќе размислувате за некоја несреќа, криза на работа, општи политички проблеми итн. повеќе се храни енергијата  во дадената ситуација. Се создава магичен круг поради кој сите тие негативни мисли стануваат единствената реалност.

Може да се случи да се живее во услови во кои личноста е изложена на силни притисоци и нерамнотежа, во стресна и негативна средина и ова делува како вирус на сите полиња: психички, емотивен и физички. Колку повеќе се подига енергетското ниво, реалноста што ја опкружува личноста повеќе реагира на квалитетот на нејзината вибрација. Не само што на тој начин се привлекуваат настани и личности што се слични на конкретна личност, туку и позитивно се делува на околината и на луѓето со кои се комуницира.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот