X
 04.06.2018 Образование

Наставници станаа ученици на филм!

Филм кој зборува 1.000 јазици. Наставници и учители што работат така што ги учат и другите да работат. Пример за углед. Браво! - вака Меѓународниот едукативен фестивал го најавува филмот на ООУ „Св. Климент Охридски“ од скопската населба Бутел


Неколкумина наставници од ООУ „Св. Климент Охридски“ од скопската населба Бутел снимија краток филм во кој ги заменија улогите со своите ученици. Со филмот тие ќе учествуваат на Меѓународниот едукативен фестивал КРЕФ, кој постои повеќе години, а годинава ќе се одржи во Штип. Во бели маици, со опавчиња и кики, наставници од ова школо на еден ден ги заменија улогите со децата. Посочија на врсничко насилство, неприфаќање на децата меѓу себе, на неприфаќањето на различноста.

- Минатата година учествувавме на КРЕФ, што се одржа во Лесковец, Србија, и во силна конкуренција освоивме втора награда. Но, нашата желба за успех не застана тука. Годинава уште помотивирани, тим од наставници во улога на ученици и обратно сними детски игран филм кој има поучна приказна како за учениците така и за луѓето, воопшто. Целта ни беше да глумиме ученици пред нашите ученици за да се „доближиме“ до учениците, да ја почувствуваат еднаквоста меѓу наставникот и ученикот – велат од училиштето.


Филм кој зборува 1.000 јазици. Наставници и учители што работат така што ги учат и другите да работат. Пример за углед. Браво – вака филмот го најавија организаторите на фестивалот КРЕФ.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование