X
 04.07.2017 Технологија

Луѓето што го контролираат интернетот

Можеби звучи како луда теорија на заговор, но вистината е дека интернетот е контролиран од 14 луѓе што користат 7 клуча.

Овие луѓе се членови на организацијата наречена „Интернет-корпорација за назначени имиња и броеви“ (ICANN).

Која е нивната задача?

Задачата на овие луѓе е да доделуваат нумерички адреси на веб-страниците и компјутерите, а потоа да ги преведат во нормални веб-адреси кои луѓето ги внесуваат во своите прелистувачи.

Секоја веб-страница има број кој може да го напишете во вашиот прелистувач наместо името на веб-страницата, меѓутоа, зборовите се полесни за паметење.

Седумте физички клуча се користат за отклучување на сефови кои се наоѓаат насекаде низ светот. Во секој сеф има картичка. Составувањето на седумте паметни клуча создава еден голем клуч, кој е дел од компјутерски код што дејствува како лозинка за базата на податоци на ICANN.

Ова се менува четири пати годишно, кога сопствениците на клучевите се среќаваат и генерираат нов клуч.

Безбедноста е многу висока и вклучува употреба на кодови и скенери за пристап.

Зошто е толку важно?

Ако некогаш ICANN биде хакиран, хакерот би се здобил со контрола над интернетот и би предизвикал хаос.

Би имал можност да создаде лажна веб-страница и да направи таа да изгледа реално, што е огромен ризик за сајбер-безбедноста.

Токму затоа 14 лица контролираат 7 клуча, за ниту една личност да нема преголема контрола.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија