X
 04.08.2023 Технологија

„Гугл“ наскоро ќе ве извести кога ваши лични податоци ќе се појават во резултатите

„Гугл“ наскоро ќе ве известува кога вашите информации за контакт ќе се појават во резултатите од пребарувањето. Освен тоа, ќе биде полесно од вас да доставите барање за нивно отстранување. Ова се дел од повеќе нови правила кои се најавени од страна на технолошката компанија.

Корисниците ќе може да видат дали нивните информации за контакт се во резултати од пребарување преку нова алатка насловена „Резултати за вас“ (Results about you). Оваа алатка ќе им овозможи на корисниците да побараат од „Гугл“ да ги отстрани личните информации.

Оваа нова алатка ќе биде достапна до одбирање на опцијата „Резултати за вас“ откако ќе притиснете на вашата профилна фотографија или на следниот линк.

Не се знае кога ќе биде достапна оваа алатка.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија