X
 11.11.2015 Технологија

"Google" ја додава посакуваната опција во "Google maps"

Компанијата „Алфабет“, поранешно „Гугл“, вчера објави дека ќе биде додадена долго посакуваната опција во новата верзија на „Google maps“.


Имено, се работи за можноста за навигација и без интернет. Во новата верзија од софтверот, корисникот ќе има можност да ги користи насоките откако ќе ја симне мапата од регионот или градот дури и доколку нема интернет.

Аманда Бишоп од компанијата напиша на блогот дека „следниот пат кога ќе немате интернет, без разлика дали сте на пат или во гаража, мапите ќе продолжат да работат беспрекорно. Претходно можевте да гледате регион од мапата без интернет, но сега може да ги користите и насоките, да барате специфична дестинација и да најдете корисни информации за местата“.


Моментално, оваа можност е достапна за корисниците на „Андроид“, но наскоро ќе биде достапна и за останатите корисници.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија