X
 04.08.2025 Култура

Новиот крими-трилер на „Нетфликс“ ќе ве остави без здив

„Нетфликс“ повторно докажува дека знае како да понуди добар трилер, а „Чесен живот“ (англ. „An Honest Life“) е уште една тивка, но напната приказна што вреди да се додаде на списокот.

Она што ќе ве привлече кај ова ново шведско оригинално остварување е неговата основна идеја: студент по право, кој сака да почне одново, се вплеткува во насилен протест каде што запознава бунтовна млада жена. Тоа е приказна која истражува колку лесно човек може да се изгуби во потрагата по смисла на сосема погрешно место.

Иако „Чесен живот“ не се потпира на големи ѕвезди, филмот се одликува со цврста режија и убедлива нарација што е навремена и емоционално продлабочена. Приказната нуди остар поглед врз политичките немири и цената на идеализмот без наметливост.

Приказната го следи Симон, млад студент по право кој се сели во градот Лунд со големи надежи за иднината. Но, додека постепено се разочарува од своите студии, тој станува сè поопседнат со Макс, храбра и бунтовна активистка која ја запознава за време на насилен протест.

Заслепен од нејзината харизма и радикален светоглед, Симон полека влегува во нејзиниот свет исполнет со протести, тајност и подземни движења. Нивната врска, која на почетокот е возбудлива и бунтовна, полека се претвора во нешто деструктивно.

Како што Симон сè подлабоко тоне во нејзиниот свет, тој е принуден да се соочи со опасни вистини и да донесе одлуки што може целосно да го уништат неговиот живот.

 

Извор: Tomsguide.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура