X
 04.09.2023 Живот

Прелиминарна ранг-листа на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Конкурсната комисија за прв циклус студии ги објави Резултатите од успех од средно образование (прелиминарната ранг- листа) на кандидатите за запишување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Прелиминарната ранг-листа е објавена во системот за електронско пријавување и на огласната табла на Факултетот, а може да се преземе ТУКА.

Секој кандидат има право на приговор на резултатите во прелиминарната ранг листа. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.

Приговорот може да се упати до конкурсната комисија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје најдоцна до 6.9.2023 г., до 16 часот, преку Архивата на Факултетот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот