Македонскиот тим кој годинава учествуваше на 9. Европската јуниорска олимпијада по информатика, која се одржа во Шумен, Бугарија, се враќаат со златен и сребрен медал.
Владимир Грчев освои златен медал, додека Марко Кренков бронзен.
Во македонскиот тим натпреварувачи беа и Зоран Илијоски и Јаков Грујовски, лидер на тимот беше Иван Занов, а заменик-лидер Петар Ковачовски.
На Олимпијадата учествуваа 96 натпреварувачи од 24 земји, а златни медали дома однесоа само 7 натпреварувачи од 3 земји: Полска, Украина и Македонија.
Честитки за нашите олимпијци!
Фото: EJOI