X
 04.11.2025 Живот

Кои европски градови најмногу се споменуваат во книгите?

Ново истражување анализира повеќе од 25 милиони романи напишани во текот на еден век за да открие кои градови биле најмногу споменувани.

Денес, повеќе од кога било, книгите влијаат врз тоа како избираме да патуваме, а британската печатарска компанија „Аура принт“ одлучи да открие кои европски градови се најомилени во литературата.

Според „Конде Наст травелер“, тимот составил список на 30. најнаселени европски градови и користел „Гугл нграм вјуер“ , алатка што овозможува следење на употребата на јазикот во текот на времето.

Потоа, истражувањето го извлекло бројот на споменувања на секој град помеѓу 1920 и 2019 година, во повеќе од 25 милиони книги.

Кој град бил најомилен меѓу писателите од минатиот век?

Зборуваме за Лондон, срцето на Обединетото Кралство, кој очигледно најмногу ја стимулирал креативната имагинација. Лондон е споменат неверојатни 286.675.501 пат. Откритието не е изненадување за оние што го нарекуваат градот свој дом. Некои од најпознатите ликови во светската литература талкале по улиците на Лондон во потрага по вистина или авантура.


Иако истражувањето опфаќа книги објавени од 1920 година наваму, приказните на Чарлс Дикенс за магливите улици на Источен Лондон и детективските авантури на Артур Конан Дојл со Шерлок Холмс продолжуваат да ги обликуваат соништата на патниците.

Париз, Градот на Светлината, го освои второто место со 95.290.475 споменувања.

Најпопуларен период за литературни референции за Париз беа 20-тите години, но и поновите дела. Од „Мала париска книжарница“ до романот „Париз“, овие книги го потврдуваат вечниот шарм на овој град.

Рим е на третото место со 48.840.949 споменувања, додека Берлин е на четвртото место со 37.079.709.

Фиренца е на петтото место со 19.414.470 споменувања.

Извор: forbes.n1info.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот