X
 02.03.2024 Игри

Играта „Текен 8“ се продаде во повеќе од 2 милиона примероци за еден месец

Играта „Текен 8“ се продаде во повеќе од 2 милиона примероци во првиот месец, соопшти издавачот „Бандаи Намко“.

Борбената игра за компјутер беше лансирана на 26 јануари преку „Стим“, како и за конзолите „плејстејшн 5“, „ексбокс серис Екс“ и „серис Ес“, а на првиот ден беше продадена во милион копии. Во период од еден месец надмината е границата од 2 милиона продадени примероци. Овој резултат значително ја надминува продажбата на играта „Текен 7“, потврдија од компанијата „Бандаи Намко“. Играта „Текен 7“ забележа рекордна продажба со повеќе од 11,8 милиони продадени копии низ светот.

Се чини дека „Текен 8“ се продава со слично темпо на конкурентот „Стрит фајтер 6“, кој исто така продаде повеќе од два милиона примероци за еден месец. „Стрит фајтер 6“ на „Кепком“ продаде три милиони копии за седум месеци, додека „Мортал комбат 1“ на „Нетер Реалм“ продаде три милиони копии по нешто повеќе од еден месец продажба.

„Бандаи Намко“ објави дека поддршката за „Текен 8“ ќе продолжи преку различни надградби на содржината, е-спорт настани, музика и лиценцирање. „Текен ворлд тур“ 2024 започнува на 13 април.

Компанијата се обрати и до контроверзниот „Текен шоп“, за кој се жалеа некои играчи.

 

- Оваа „ин-гејм“ продавница ќе нуди приспособливи ставки како што се костими од претходните изданија, скинови на ликови за аватари, како и лиценцирани артикли од нашите соработки, што ќе им овозможи на играчите да ги персонализираат своите омилени ликови на „Текен“ - се вели во соопштението.

Ќе се додадат четири нови лика за игра. Првиот од нив е Еди, кој има нова фризура и облека за „Текен 8“, но неговиот стил на борба сè уште е присутен.

ИГН ја опиша играта како неверојатна еволуција во серијалот со мноштво содржини за играчите, одличен пакет на алатки за тренинг, одлично онлајн искуство и возбудлива нова механика што ја прави подинамична.

Извор: Klix.ba

Фото: YouTube/screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Игри