X
 05.02.2021 Живот

Почина новинарот Ристе Недановски

По кратко и тешко боледување, на 62-годишна возраст, вчера почина новинарот Ристе Недановски, соопшти денеска Лекарската комора.

Во 1980 година Недановски се запишал на Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје. Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата „Вечер“ – НИП „Нова Македонија“. Во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник“, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата „Утрински весник“.

Од 2004 година бил уредник и новинар за здравство во редакцијата „Вечер“. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година. Во 2011 година станува уредник на гласилото на Лекарската комора - Vox Medici. Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, „Порака“, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп...). Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот