X
 05.04.2019 Живот

Како да ја користиме психологијата за подобра комуникација

Септолете Тотал во потрага по работи кои одлично функционираат во тројка.

Колку пати досега се има случено да запознаете личности кои се беспрекорни и вешти во нивната комуникација со луѓето? Ваквиот тип на луѓе едноставно знаат како да го добијат она што го сакаат, оставаат добар впечаток, не се плашат да ги изразат своите ставови и желби и секогаш делува дека се наоѓаат во вистинското време на вистинското место. Која е тајната на овие луѓе? Со какви комуникациски вештини тие располагаат што секојдневната комуникација со околината им оди како „подмачкана“?!

Едноставен одговор не постои, ниту единствен, но едно е сигурно, а тоа е дека се работи за луѓе кои имаат високо ниво на самосвест за себе и околината, емотивна интелигенција и отворено срце да научат нешто ново.

Септолете Тотал како гласноговорник и поддржувач на пренесувањето на добрата мисла, мотивирањето и добрата комуникација, овој пат се задржа на една интересна и современа теорија за личноста и воопшто комуникацијата, популарно позната како Трансакциона анализа.

ерик

Нејзин татко е американскиот психијатар Ерик Берн, кој во доцните 50-ти години, на многу јасен и разбирлив начин, ja објаснил сложената комуникација меѓу луѓето, посочувајќи дека сите луѓе во себе носат „3 состојби на его", а секоја его состојба има специфичен систем на мисли, чувства и однесување со помош на кои комуницираме со другите луѓе.

1.    Его-состојба на Родител (мисли, чувствува и се однесува на начин на коj тоа го правеле нашите родители или други родителски фигури);
2.    Eго-состојба на Возрасен (мисли, чувствува и се однесува во однос на она што се случува околу нас, овде и сега) и
3.    Его-состојба на Дете (мисли, се чувствува и се однесува на начин што вообичаено сме го правеле кога сме биле деца).

Слично како трите нераскинливи својства на Септолете Тотал, противвоспалително, аналгетско и антисептично, така и личноста на човекот ја добива својата форма во корелација со трите его-состојби на Берн кои се основа на неговата теорија за трансакциски анализи (или скратено ТА).

Во поширока смисла, ТА го опфаќа филозофскиот поглед на луѓето и нивните односи, развојот на теорија на личноста, психотерапевтскиот пристап, како и примена на психологијата во различни области и аспекти од животот. Зборот „трансакција“ значи размена на пораки меѓу луѓето, така што трансакциската анализа е всушност анализа на нивната  комуникација. Врз основа на оваа анализа, може да се претпостави и нивната внатрешна ситуација и динамика.

 комуникации

Трансакционата анализа има голем број возбудливи концепти кои ни помагаат да разбереме како луѓето функционираат. "Јас сум ОК - Ти си ОК" е веројатно најпознатата цел во ТА: да се постигне и зајакне позицијата во која ја препознаваме вредноста на секој човек. TA тргнува од претпоставката дека сите луѓе во основа се во ред и затоа се способни за промена, раст и здрави односи.

Според Берн, нашите дисфункционални однесувања се резултат на само-ограничувачки одлуки што сме ги направиле во раното детство, со цел да преживееме. Таквите одлуки кулминираат во она што Берн го нарекува „животно сценарио (скрипт)" - нашиот претсвесен животен план дефинира каков живот ќе живееме (дали во животот ќе бидеме среќни како победници или ќе живееме како губитници - депресивно, без љубов, без добра смисла, без пари, без одмор, без забава и радост или едноставно ќе се одлучиме за банален и здодевен живот - без големи загуби, но и без конкретен успех).

Како возрасни, обично не сме свесни за животното сценарио кое го имаме напишано за себе, иако е многу веројатно дека многу доследно ќе живееме според него (тогаш често луѓето велат, „Што можам да направам, тоа е мојата судбина ..." или "Јас сум едноставно таков/таква“). Отакако ќе се детектира сценариото со соодветна анализа ние можеме да разбереме како на несвесно ниво ги создававаме проблемите, а со самото тоа веќе лесно можеме да се поставиме во позиција за да ги надминеме истите. Промената на животното сценарио е цел на оваа психотерапија токму со трансакциона анализа.

Со цел да го оствариме нашиот целосен потенцијал, мора да го надминеме сценариото и да влеземе во една автономна состојба. Компоненти на автономијата се свест, спонтаност и капацитет за интимност со други луѓе.

Свест – го подразбира животот тука и сега (не во минатото или во иднина). Тоа значи да се доживеат работите неоптеретено од минатите искуства, а со тоа да се биде целосно свесен за себе, другите и ситуацијата во која се наоѓаме и врз основа на тоа бидеме во можност да ги предвидиме идните случувања и интеракции. Свеста ни дозволува да го доживееме светот директно и да бидеме свесни за реалноста во која сме во моментов.

Спонтаност - значи да може да изберете, да имате слобода да ги манифестирате чувствата и его состојбите (родител, возрасни, деца), на начин што е најсоодветен за моменталната ситуација. Спонтаноста значи отворено и без цензура изразување на чувствата, желбите и потребите.

Интимност или способност да примате и давате љубов, искреност и отвореност без цензура, без манипулации и игра. Тоа е недопрено и невино искуство на овде и сега, каде луѓето ги гледаме од позиција на зачуденост и љубопитност, а не од лична потреба.

Трансакционата анализа претставува многу обемна теорија, но доколку се пронајдовте себе или сметате дека можете да ги пронајдете одговорите на добрата комуникација во оваа наука, топло ви ги препорачувме делата на Ерик Берн како основа за понатамошно запознавање на ТА.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот