X
 05.05.2023 Култура

Контроверзната серија „Чудовиште“ добива втора сезона

Приказната за браќата Менендез, осудени во 1996 година за убиствoто на нивните родители Хозе и Мери Луиз Менендез, наскоро ќе се појави на „Нетфликс“ во серијата „Чудовиште“ на Рајан Марфи. Втората сезона е наречена „Чудовишта: Приказната за Лајл и Ерик Менендез“, и е продолжение на популарната мини-серија „Дамер - чудовиште: Приказната за Џефри Дамер“ од 2022 година.

Потврдена е и трета сезона на антологиската серија, на која работат Марфи и Иан Бренан. Исто така, „Нетфликс“ откри дека има ексклузивен пристап до браќата кои ќе учествуваат во документарниот филм.

Повторно интерес за случајот


Објавувањето на серијата доаѓа откако случајот со браќата Менендез повторно го привлече вниманието на јавноста. Новата документарна серија на стриминг-платформата „Пикок“ се фокусира на наводите на Рој Росело, поранешен член на порториканскиот бенд „Менудо“, кој тврди дека бил сексуално нападнат од Хозед Менендез како тинејџер.

Не е јасно дали новите обвинувања ќе бидат разгледани во серијата на „Нетфликс“, но адвокатката Лесли Абрамсон на судењето тврдеше дека Лајл и Ерик ги убиле родителите од страв, после долгогодишно сексуално злоставување од страна на нивниот татко.

Приказната за браќата беше во фокус на неколку документарни и играни филмови низ годините, вклучувајќи и епизода во 2017 година од серијата „Закон и ред“, како и телевизискиот филм „Менендез: Крвни браќа“ со Кортни Лав.

Контроверзна прва сезона


Серијата „Дамер“ доживеа огромен успех на „Нетфликс“. Во првите 60 дена, корисниците го гледале 1 милијарда часа, што досега го постигнале само четири серии.

И покрај нејзината популарност, серијата беше критикувана веднаш по премиерата. Гледачите најмногу се жалеа на игнорирањето на жртвите на Дамер од страна на серијата, иако продуцентите тврдеа дека нивните жртви и нивните приказни се на прво место. Ерик Пери, роднина на еден од убиените, напишал дека жртвите на злосторствата на Дамер повторно ја преживуваат траумата поради „Нетфликс“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура