За жал, дојде и крајот на летото, а уште неколку дена и календарски ќе пристигне есента, и студените денови кога најдобро е да останете дома и да уживате во убава серија.
За среќа, оваа есен нуди одлични серии и нови премиери, а еве што да погледнете доколку немате идеја.
„Apple Tree Yard“ - психолошки трилер
Серијата е адаптација на бестселерот на Луиз Даути. Емили Вотсон и Бен Чаплин ги толкуваат главните улоги на двајца странци што се впуштаат во дива врска, која на крајот ќе им ги растури животите. За разлика од многуте драми, оваа серија го прикажува вистинскиот ужас на сексуалното насилство.
Емили Вотсон ја глуми Ивон, 50-годишна мајка на две веќе возрасни деца, која има фантастична кариера на експерт за генетика, но и застрашувачки досаден брак. Нејзиниот маж, Гари, е вистинска досада од човек, кој постојано ’рчи. Неговата замисла за страст е бакнеж во образ.
Емили е апсолутно феноменална во улогата на обична жена, каква што можете да сретнете на улица секој ден, а притоа да не ни помислите дека баш таа го изневерува својот маж.
„Мodus“ - во која убиецот е откриен веднаш
Оваа серија е веќе хит на домашен терен во Шведска. Станува збор за серија од осум дела која раскажува за шведскиот психолог Ингер Јохане Вик, вплеткана во полициската истрага за убиецот на бискупот Елизабет Линдгрен. Подоцна открива дека нејзината аутистична ќерка е сведок на друго убиство, кое е поврзано со првото. Серијата е базирана на книгата на Ен Холт, норвешка писателка на крими-романи, адвокатка и поранешна министерка за правда.
„Modus“ е најуспешната скандинавска ТВ-серија во последните 25 години со регистрирани 1,2 милион гледачи.
„Eye Candy“ - серија за љубителите на драма, трилер и мистерија
Акција, драма, хорор и примеси на љубов се одлична комбинација за добра
серија. Жена од Њујорк се сомнева дека еден од нејзините интернет-додворувачи е всушност сериски убиец, така што таа заедно со нејзините пријатели ќе се обиде да го спречи да изврши нови убиства.