X
 05.10.2023 Култура

Најдобрите филмови направени по делата на Агата Кристи

Писателката Агата Кристи напишала повеќе од 70 крими-романи и приказни во текот на животот, од кои некои се актуелни и денес, речиси 50 години по нејзината смрт. Врз основа на тие романи сè уште се прават разни филмски адаптации, а во продолжение се пет од нив кои вреди да се гледаат.

„Убиство во Ориент експрес“ (Murder on the Orient Express)

Еден од најпопуларните романи на Кристи дефинитивно е „Убиство во Ориент експрес“. По овој роман биле снимени дури четири филма, а најновиот излегол во 2017 година. Во овој филм еден од најпознатите детективи на сите времиња, Херкул Поаро, во воз препознава близок пријател кој следното утро ќе биде мртов. Возот е заробен на Балканот, а Поаро е во трка со времето да го пронајде убиецот пред тој повторно да нападне.


„Смрт на Нил“ (Death on the Nile)

Овој филм од 2022 година е базиран на истоимениот роман од Кристи и претставува продолжение на „Убиство во Ориент експрес“. Во него Поаро е на крстосување по Нил кога се случува убиство на бродот.


„Куќата на злото“ (Crooked house)

Истоимениот роман по кој е снимен овој филм е еден од најбараните на авторката. Во него Чарлс Хејвард од Египет се враќа во Англија за да ја најде девојката во која претходно бил заљубен. По пристигнувањето, тој дознава дека во нејзиното семејство се случило убиство за кое се осомничени сите членови на семејството.


„Зло под сонцето“ (Evil under the sun)

Во овој филм Херкул Поаро истражува случај на пронајден лажен дијамант на трупот на убиена жена. Кога Поаро открива кој го купил дијамантот, заминува на остров на Средоземното Море за да ја продолжи истрагата.


„Убиство во Венеција“ (A haunting in Venice)

Како и во повеќето други филмови, Поаро е главниот лик. Тој сега е во пензија и оди на сеанса на која е убиен еден учесник. Поаро, секако, ја решава и оваа мистерија. Овој филм излезе годинава, а во него играат Тина Феј, Џејми Дорнан и други познати лица.


Извор: Srednja
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура