X
 05.11.2019 Образование

Ујмер Муамеди и Андреј Гулабовски се избрани за неформални студентски правобранители на Правен

Ујмер Муамеди и Андреј Гулабовски се избрани да ја извршуваат функцијата на неформален студентски правобранител на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во периодот од 5 ноември до 31 декември, соопшти Студентската организација при Правниот факултет.

- Секој студент што смета дека му било прекршено некое право ќе може да ги исконтактира студентските правобранители на нивната официјална е-адреса: andrej.gulabovski@gmail.com и muamediumejr@gmail.com. Со самото пријавување правобранителите ќе ја евидентираат претставката и ќе отпочнат постапка во која ќе треба да утврдат дали постојат индиции за прекршување на правото на студентот. Доколку студентските правобранители утврдат прекршување на некое право, ќе поднесат извештај до Деканатот, кој ќе има рок од три недели да постапи по пријавата, во спротивно истата ќе биде поднесена до Државниот просветен инспекторат – пишуваа на нивната фејсбук-страница.

На крајот од месецот студентските правобранители имаат обврска да поднесат извештај за нивната работа, во кој ќе бидат евидентирани сите пријави и заклучоците до кои тие дошле по испитувањето на секоја пријава поединечно. Овој извештај јавно ќе биде презентиран една недела пред Научно-наставниот совет и ќе биде поднесен до истиот, каде што ќе бараме можност за усна презентација на извештајот.

- Во врска со хонорарот кој беше предвиден, студентските правобранители се договорија да ги донираат парите што ги понуди студентската организација на Правниот факултет - соопштија студентите.

Факултети.мк минатата недела ја најави иницијативата на студентите на Правен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование