„Фејсбук“ откри дека со помош на алатка минатата година открил и отстранил повеќе од 6 милијарди лажни профили од својата социјална мрежа. Ова се дополнителни бројки, покрај милионите лажни профили што „Фејсбук“ секојдневно не дозволува да се креираат.
Според компанијата, алатката се развивала две години и е една од најнапредните методи на „Фејсбук“ за борба против лажните профили. Алатката е способна да го препознае однесувањето на лажните профили помеѓу вистинските со тоа што анализира илјадници карактеристики.
Фото: Pixabay
Меѓу другото, алатката го зема предвид бројот на барања за пријателство испратени од страна на профилот и групите од кои станува дел. Моделот е способен да се менува како што се адаптираат лажните профили.
Бохра Чарбауи од „Фејсбук“ изјавила дека алатката го намалила бројот на лажни профили на мрежата за 27%. Таа претпоставува дека на социјалната мрежа во моментов има околу 5% лажни профили.
Фото: Pixabay
„Фејсбук“ и
порано отстранувала милијарди лажни профили од мрежата, но отстранувањето на 6,6 милијарди профили годишно е рекорд.
Извор:
Engadget.com