X
 06.06.2020 Здравје

Ковид-19: новозаболени 125 пациенти, оздравеле само 8

Нови 125 заболени пациенти од Ковид-19, двајца починати и осум оздравени се регистрирани во последните 24 часа на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања. По градови ова се новите случаи: Скопје - 46, Kуманово - 19, Штип - 17, Прилеп - 1, Тетово - 16, Струга - 7, Велес - 3, Битола - 1, Охрид - 5, Гостивар - 6, Кочани - 1, Делчево - 1, Неготино - 2.
Оздравеле четири пациенти од Велес, двајца од Прилеп и по еден од Тетово и од Свети Николе.

Починале две лица - пациент од Прилеп (73 г.), хоспитализиран во ГОБ „8 Септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67 г.) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Досега во Македонија се направени вкупно 35.471 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, од кои 1.640 оздравеле, 151 починале, а во моментов заболени се 1.124 пациенти. Последната дистрибуција по градови е следна:

- Скопје 1.201, активни 595
- Куманово 545, активни 129
- Дебар 52, активни 1
- Штип 161, активни 123
- Прилеп 218, активни 29
- Тетово 273, активни 115
- Струга 98, активни 26
- Велес 141, активни 27
- Битола 30, активни 4
- Охрид 30, активни 13
- Кавадарци 6, активни 1
- Гостивар 47, активни 26
- Гевгелија 6, активни 2
- Струмица 5, активни 2
- Крива Паланка 6, активни 0
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 43, активни 12
- Пробиштип 5, активни 3
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 0
- Берово 2, активни 1
- Валандово 3, активни 2
- Виница 3, активни 1
- Делчево 2, активни 1
- Кратово 3, активни 1
- Свети Николе 3, активни 2
- Кичево 3, активни 1
- Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје