X
 06.07.2018 Живот

Позната модна куќа копирала традиционална романска облека, па луѓето решиле да го возвратат ударот

Модните брендови многу често се критикувани поради бесрамното копирање на други брендови или артисти и поради „позајмувањето“ елементи од локални култури.

Кога минатата година излезе предесенската колекција на „Диор“, луѓето почнаа да забележуваат дека облеката изгледа малку познато. Во фокусот на вниманието дојде романскиот округ Бихор. Излезе дека јакните на „Диор“ се неверојатно слични со традиционалните јакни на луѓето од Бихор. Познатата модна куќа сега ги продава јакните по неверојатна цена од 30.000 евра, но ни дел од приходите нема да оди кај заедницата од Бихор бидејќи „Диор“ никогаш не призна кој е изворот на инспирацијата за колекцијата.

Целата ситуација беше повод за почеток на борба против присвојувањето на културата. Романскиот моден магазин „Beau Monde“ почна кампања за да ги стави работите во ред.

Фото: Bored Panda

Со помошта на занаетчиите и креаторите од Бихор, тие создадоа нова модна линија која помага во зачувувањето на нивните традиции. Така се роди „Bihor Couture“. Проектот им овозможува на модните ентузијасти да купат автентична традиционална облека од Бихор за многу помалку пари, но директно плаќајќи им на локалните занаетчии што ја изработиле облеката.

Погледнете како изгледа традиционалната облека во Бихор.

Фото: Bored Panda

Фото: Bored Panda

Фото: Bored Panda

А сега погледнете ги споредбите со креациите на „Диор“. 

Фото: Bored Panda

Фото: Bored Panda

Фото: Bored Panda

Фото: Bored Panda

Погледнете што модните критичари од Бихор имаат да кажат за облеката на „Диор“.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот