X
 06.07.2021 Образование

Проверете си ги одговорите од матурата, утре истекува рокот за приговори

Државниот испитен центар ги објави клучевите за матурските тестови од екстерните предмети.

На страницата се објавени клучевите за тестовите по македонски, албански и турски јазик, како задолжителни предмети, но и за изборните: математика, некој од странските јазици (англиски, француски, германски и руски јазик) и за тестовите по филозофија на македонски јазик и естетика на македонски јазик.




Заклучно со утрешниот ден истекува рокот за приговори. За секој приговор, како што објаснуваат од Државен испитен центар, се плаќа по 1.500 денари.

Овде можете да ги најдете матурските тестови и клучевите. Кога ќе ја отворите страницата, одете на „Тестови од државна матура“, па на „Тестови државна матура јуни 2021“, а потоа изберете за кој предмет сакате да ги видите одговорите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование