X
 06.08.2019 Технологија

Ви го хакираа „Џимејлот“? Вака можете да си го повратите

Некој ви го хакирал „Џимејлот“ или заборавивте како ви гласеше адресата или како ви беше лозинката за пристап? Еве што можете да направите.

Што ако сте ги заборавиле адресата на електронската пошта и лозинката?

Ако сте заборавиле која адреса на е-поштата ја користевте (и тоа се случува, особено ако имате повеќе кориснички адреси), отворете ја страницата Find My Email и следете ги упатствата. Ќе морате да го наведете вашето цело име, како и бројот на телефон и секундарната е-пошта.

Што ако сте ја заборавиле лозинката?

Во овој случај треба да ја отворите страницата Account Recovery и да ја ресетирате лозинката. Ќе мора да го потврдите вашиот идентитет преку одговарање на неколку прашања. Ако е можно, сето ова направете го користејќи ги истиот уред и пребарувач што веќе сте ги користеле за да пристапите до заклучената е-пошта, како и на локацијата на која сте го правеле тоа.

Не можете да го потврдите идентитетот одговарајќи на безбедносните прашања? Ќе добиете уште една шанса, како и неколку совети кои би требало да ви помогнат при одговарањето.

Откако успешно ќе го потврдите идентитетот, ќе можете да си ставите нова лозинка. Ако ја користите оваа опција, треба да имате на ум дека морате да ја наведете aдресата на е-поштата.

Што ако ви е хакирана е-поштата?

Ако не можете да се логирате и откриете дека некој ја променил вашата лозинка или бројот на телефон за поврат на лозинката или, пак, го избришал вашиот кориснички профил, повторно тука е страницата Account Recovery.

Одговорете на прашањата најдобро што можете и следете ги упатствата. Ако ништо не успее, обидете се да добиете помош директно од „Гугл“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија