X
 29.02.2020 Технологија

Лозинки кои хакерите прво се обидуваат да ги погодат

Кога станува збор за креирање лозинка, многумина се обидуваат да состават комбинација од букви, броеви и симболи кои може лесно да ги запомнат. Според експертот Буртон Келсо, во нашата природа е да имаме предвидлива рутина кога станува збор за создавањето лозинки.

- Најчесто создаваме лозинки врз основа на нешта што ни се познати, како зборови што ги користиме, имиња и локации. Потоа се обидуваме да ги комплицираме нештата за хакерите со додавање голема буква, број и специјален знак - вели Келсо.

Сепак, доколку не измислиме непредвидлива лозинка, на хакерите ќе им биде лесно да влезат во нашите профили. Постојат некои чести методи и лозинки што ги користат хакерите за да стигнат до личните информации на корисниците.


Фото: Pixabay
Почнуваат со листа со лозинки

Келсо објаснува дека постојат веб-страници со листи од популарни лозинки чија цел е да ги поттикнат корисниците да ги сменат таквите лозинки зашто за хакерите тие се почетна точка. Марк Бурнет, консултант и истражувач, неодамна објави 10 милиони лозинки на својата веб-страница за да понуди подобро разбирање на начинот на кој луѓето создаваат лозинки.

Комбинации од броеви

Според „Сплешдата“, кој објави листа од најлошите 100 лозинки во 2019 година, многу од најлошите 10, односно дури 7, имаат комбинации на броеви од 1 до 10. Овие комбинации се најдоа на листата: 123456, 123456789, 1234567, 12345678, 12345, 111111 и 123123.

„Qwerty“

„Сплешдата“ открива дека „qwerty“ е најпопуларната комбинација на букви за лозинки. На листата со најлоши 15 лозинки се нашле и „qwerty1234“ и qwertyuiop“. За корисниците можеби изгледа како безбедна лозинка, но ова е многу предвидливо за хакерите.

„Password“

Без разлика што правите, не користете го овој збор во лозинката. На листите на хакерите се и комбинации од овие букви со броеви.


Фото: Pixabay

Чести фрази

Обидете се да одбегнувате чести зборови или фрази. Хакерите ќе се обидат и со чести зборови и нивните варијации.

Имиња на домашни миленици и членови на семејството

Според „Гугл“, никогаш не користете ги имињата на милениците, децата, сопругот или сопругата во вашата лозинка. Доколку хакерот има ваши лични информации, дефинитивно ќе се обиде со тие имиња.

Значајни датуми

Вашиот роденден, годишнината или роденденот на саканиот се очигледни кога станува збор за изборот на лозинката и никогаш нема да ги заборавите. Но, хакерите го знаат тоа и ќе се обидат на тој начин да стигнат до вашите лични информации.

Ќе се обидат и на таканаречениот „мрачен интернет“

Понекогаш старите лозинки стигнуваат до мрачниот интернет, односно делот од интернетот кој не им е видлив на пребарувачите. Хакерите бараат лозинки таму, вели Келсо. Затоа е добро често да ги менувате лозинките.

Ќе создадат ботови

Доколку се обиделе со другите методи, хакерите имаат уште една алатка со која ќе се обидат да влезат во вашите профили. Тие може да создадат бот кој ќе ја проба секоја можна комбинација.

- Имајте предвид дека модерните компјутери може да направат од 10.000 до над една милијарда погодувања во секунда - објаснува Келсо.

Кои се најдобрите лозинки?

Келсо вели дека најдобра лозинка што може да ве заштити од хакерски напад е специјална фраза од два или повеќе збора споени заедно во облик на лозинка. На пример, „смрдливакокошка“ или „извитканнадуванбув“.

Автор: Леа Грот
Извор: Rd.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија