X
 06.08.2025 Живот

УКЛО КОЛОРС настани што се паметат - теми за зелена транзиција, одржливост и циркуларна економија во прехранбените системи

Како член на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, УКЛО одржа два колабораториуми, интерактивни иницијативи за размена на знаење, искуства и идеи меѓу академската заедница, локалната самоупрaва, бизнис-заедницата и невладиниот сектор и учество на претставници од партнерските КОЛОРС универзитети од Франција, Полска, Хрватска, Латвија и Шведска.

Колабораториумот: Зелена транзиција-Паметни патишта кон одржлив развој e поврзан со актуелностите во енергетската транзиција, која според учесниците забрзано станува наша реалност и нужно опфаќа различни аспекти на економски, социјални и технолошки предизвици, посветен на повеќе актуелни прашања https://uklo.edu.mk/blog/zelena-tranzicija/



Колабораториумот - Паметни пристапи кон земјоделството и прехранбените системи за одржлив и здрав свет, со својата актуелност ги соочи експертите со сериозните предизвици поврзани со климатските промени, исцрпувањето на природните ресурси, глобалната економија и зголемувањето на населението. https://uklo.edu.mk/blog/pametni-pristapi-vo-zemjodelstvoto-i-prehrambenite-sistemi/



Колабораториумите, иако навидум тематски различни, се спојуваат и преку заедничката визија за одржлив развој како суштествени принципи на КОЛОРС: соработка, отвореност, учење низ инклузивен пристап и заедничка акција. Професорката Мимоза Богданоска Јовановска, раководител на Колаборативниот простор на УКЛО КОЛОРС, посочува дека проектот КОЛОРС има цел да направи транзиција на универзитетот и доближување до заедницата. На патот на постигнување на таа транзиција се организираат и ќе се организираат и други многубројни настани меѓу кои и тематските колабораториуми, настани од различен аспект што допираат актуелни проблеми и предизвици.

И студентите на УКЛО од аспект на учесници ја препознаваат важноста на ваквите иницијативи, што се потврдува преку нивната вклученост во вакви процеси на трансформација. Нивниот интерес и ентузијазам за теми поврзани со зелена транзиција, одржливост и иновативни пристапи во прехранбените системи се доказ дека младите генерации се подготвени да придонесат кон позитивни промени, а колабораториумите може им овозможуваат да се информираат и да се охрабрат да креираат решенија за предизвиците на современото општество.



Колабораториумите: Паметни патишта кон одржлив развој и Паметни пристапи кон земјоделството и прехранбените системи за одржлив и здрав свет, се настани со кои УКЛО се позиционира меѓу активните чинители за зелен и одржлив развој.



Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот